Нов инцидент со мигрантите меѓу БиХ и Хрватска

од desk4
82 прегледи

Мигранти сакаат од БиХ да влезат во Хрватска

На граничниот премин Маљевац меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска кај Велика Кладуша синоќа дошло до инцидент во кој биле повредени најмалку три лица, од кои еден припадник на босанската гранична полиција. До инцидентот дошло кога граничната полиција тргнала да ги поместува шаторите што мигрантите вчера ги поставија на ничија земја меѓу БиХ и Хрватска. И претходно имаше инцидент во кој три лица беа полесно ранети во судир со полицијата. Мигрантите сакаат од БиХ да влезат во Хрватска.