Нов изглед на Деп: Актерот без брада и мустаќи (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Џони Деп (59) ги „полуде“ обожавателите на концерт кога заедно со својот колега Џеф Бек излегоа на сцената на Хелсинки блуз фестивалот во Финска. Деп изненади многумина со неговиот изглед. Имено, актерот ги избричил брадата и мустаќите.

Типично забрадениот актер, кој неодамна ја доби тужбата за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд (36), беше без брада и мустаќи за време на неговото прво појавување во јавноста.

Деп за време на настапот носеше бела кошула со засукани ракави.

Актерот моментално е на турнеја и настапува со легендарниот музичар Џеф Бек.

 

Слични содржини