398
Токму кога сите помисливме дека ги видовме сите познати дами како се охрабриле и ја скратиле косата во популарниот боб, Никол успеа да не изненади.
Убавата пејачка оваа драстична промена ја прикажа на црвениот тепих по повод доделувањата на Модните Награди во Лондон, каде го „собра“ целото внимание на присутните со оваа трансформација, но и со заводливиот фустан кој ги истакна сите нејзини атрубути и прекрасната линија.
Никол својот заштитен знак, долгата црна коса, одлучи да го замени со екстремно популарната фризура, шро многу е возможно да ја означува новата ера во нејзиниот живот, како и камбекот на групата Pussycat Dolls.