Нов кикс на Реал, Барса веќе со 18 поени предност

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Реал Мадрид одигра 2:2 како гостин на Леванте во натпреварот од 22-тата рунда од Примера.

Натпреварот започна одлично за „белите“, кои започнаа со триото Бензема – Бејл – Роналдо, но поведоа со гол на капитенот Серхио Рамос во 11-тата минута.

Реал ја поседуваше топката во 3/4 од времето и беше поактивниот тим, но дозволи израмнување во 42-тата минута, кога се запиша 21-годишниот Емануел Боатенг.

Ремито на полуврем јасно ги мотивира домаќините кои го задржаа речиси до крај, иако Рамос и Роналдо имаа две многу добри ситуации за втор гол во корист на „белите“.

Гол во мрежата на Леванте падна, а негов автор стана Иско во 81. минута, 15 откако се појави во игра на местото на Бензема. Сепак, домаќините не се откажаа, а ветеранот Џампаоло Пацини ги шокираше ѕвездите на Реал Мадрид со гол во 89-та минута за конечни 2-2.

„Кралскиот клуб“ прекина серија од две последователни победи и останаа четврти во пласманот зад Валенсија и дури 18 поени зад Барселона.

Резултати од Ла Лига:

Еибар 5 – 1 Севиља
Бетис 2 – 1 Виљареал
Алавеш 2 – 1 Селта Виго
Леванте 2 – 2 Реал Мадрид

Слични содржини