191
Нова испорака на 120.000 дози вакцини на „АстраЗенека“ пристигна утрово во Србија, во рамките на механизмот Ковакс.
Авионот со вакцините слетал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ околу 8 часот.
Новиот контингент на вакцини на аеродромот беше пречекан од министерот за здравство Златибор Лончар, директорот на канцеларијата на СЗО во Србија Маријан Ивануша и директорката на УНИЦЕФ во Србија Дијана Костадинова.