Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Амад Диало е во опасност да го пропушти остатокот од сезоната, откако за време на тренинг се здобил со оштетување на лигаментите на глуждот. Од клубот засега не го потврдуваат точниот степен на повредата, а се очекуваат дополнителни тестови за да се утврди сериозноста на ситуацијата.
Диало во последно време е меѓу најдобрите играчи на „црвените ѓаволи“ постигнувајќи важни голови на дербито со Манчестер Сити и Ливерпул. На последните 14 натпревари во сите натпреварувања, тој постигна шест гола, но неговото континуирано отсуство би било сериозен удар за менаџерот Рубен Аморим.
Покрај Диало, Манчестер Јунајтед ќе биде без уште неколку клучни играчи, меѓу кои Лисандро Мартинез, Мануел Угарте, Коби Мајно, Лук Шо, Мејсон Маунт, Алтај Бајандер и Џони Еванс.