Нов кошмар за Путин? Полскиот премиер откри можен следен чекор на Молдавија

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Забрзаниот пристап на Молдавија во Европската унија би можел да биде возможен, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Молдавија стана кандидат за членство во ЕУ во 2022 година заедно со Украина и постојано ја обвинуваше Русија дека се обидува да ја дестабилизира, пренесе „Ројтерс“.

Оваа поранешна советска република со 2,5 милиони жители граничи со Украина и има руски мировни сили стационирани во Придњестровје.

„Верувам дека е можен забрзан пат“, изјави Моравјецки при посетата на Кишињев, пренесува „Танјуг“.

Според него, „или тоа ќе биде навистина брз начин, или преговорите ќе се заглават во долги разговори“.

Моравјецки изрази надеж дека Европската унија широко ќе ги отвори вратите за Украина и Молдавија.

Премиерот на Молдавија, Дорин Речеан, му се заблагодари на Моравјецки за поддршката од Полска.

„Реформите што ги спроведуваме не приближуваат до Европската унија“, рече тој.

Според него, и покрај сите предизвици и кризи, Молдавија сфатила дека може побрзо да се движи на патот на интеграцијата во ЕУ.

Слични содржини