После подолго време синоќа се падна „седумката“ при редовното извлекување на Лото 7 од 37 на Државната лотарија.
Среќниот град е Кавадарци, а новиот лото-милионер ќе добие 78.522.512 денари, односно околу 1.280.000 евра. Засега не е познат идентитетот на добитникот.
Добитната комбинација е: 10, 1, 8, 4, 5, 2, 11, односно по редослед 1, 2, 4, 5, 8, 10 и 11.
Најголемата награда, од околу 1,7 милиони евра е забележана во август 2024 година – тогаш добитното ливче беше продадено во Охрид.