Нов модел на работа – само осум дена во годината во канцеларија

од Nikola Popovski
376 прегледи

Канва го редефинира зборот „флексибилен“ со својот најнов модел. Според „Business Insider Australia“, како што пренесува „theshaderoom.com“, оваа популарна австралиска платформа за графички дизајн, основана во 2012 година и со седиште во Сиднеј, неодамна објави дека распоредот за работа на нивните вработени во канцеларијата ќе го одредат нивните независни тимови. Оваа промена значи дека вработените ќе имаат поголема контрола врз тоа колку дена поминуваат во канцеларијата.

Кенва се движи кон помалку „строги“ барања кога станува збор за канцелариска работа и работа на далечина. Тие сега се фокусираат, како што рекоа, на „флексибилност за вработените и врски со нив“.

„Веруваме дека традиционалната канцелариска работа ќе стане исклучок кога станува збор за иднината на работата“, рече Кенве во изјавата.

Компанијата додаде дека пандемијата „се покажа како неточно тврдење дека работата е најдобра само на едно место, во канцеларија“.

Вработените ќе имаат слобода да одлучуваат кога ќе дојдат во канцеларија, но се очекува тие да го посетуваат „најблиското седиште на Кенва“ осум пати годишно.

Компанијата се одлучи за нов модел на работа откако спроведе интерно истражување. Истражувањето покажа дека 79% од вработените „се чувствуваат продуктивно кога работат од дома“. Околу 81 процент од вработените изразија желба да продолжат со комбинирање на работа од дома и во канцеларија бидејќи „локдаунот повторно беше олабавен оваа година“.

Кенва е надалеку позната по своите лесно разбирливи елементи за графички дизајн. Корисниците можат да создадат се, од објави на социјалните медиуми до флаери, презентации и други печатени текстови.

„Business Insider Australia“ известува дека оваа компанија „постигна голем раст“ во април годинава. Кенва вели дека корисниците се потпирале на функциите на нејзината платформа за време на пандемијата. Корисничката база порасна за речиси 50 проценти, бидејќи потребата за „алатки што овозможуваат соработка и работа од далечина“ е драстично зголемена.

Според последните податоци, Кенва стана една од најголемите приватни компании во светот откако беше проценета на 40 милијарди долари.

Слични содржини