Нов напад на Хутите на транспортни бродови: Изгоре танкер со нафта во Аденскиот залив

од Vladimir Zorba
870 прегледи

Танкер со нафта, кој пловел во Аденскиот залив, бил запален по вечерашниот ракетен напад од страна на Хутите, соопшти компанијата Трафигура, пренесува Би-би-си.

Од компанијата „Трафигура“ за британските медиуми изјавија дека од ударот на проектилот настанал пожар во еден од товарните резервоари на бродот, а со противпожарна опрема се обиделе да го потиснат ширењето на пожарот.

Американски официјални лица изјавија дека блискиот поморски брод одговорил на сигналот за помош на бродот и дека нема повредени.

Ова е најновиот напад на Хутите врз комерцијалните транспортни бродови што пловат по Црвеното Море.
Британската поморска трговска организација (УКМТО) објави дека инцидентот се случил на 60 наутички милји југоисточно од Аденскиот залив.

УКМТО соопшти дека властите се известени и ќе одговорат на најновиот напад на Хутите, предупредувајќи ги другите бродови да бидат внимателни кога поминуваат и да пријават каква било сомнителна активност.

Трафигура потврди дека бродот бил погоден и дека воените пловни објекти се на пат да пружат помош.

„Противпожарната опрема на бродот е распоредена за да се потисне и контролира пожарот што започна во еден товарен резервоар од десната страна“, рече портпаролот на компанијата.

Од компанијата велат дека безбедноста на екипажот е најважен приоритет и дека остануваат во контакт со нив и внимателно ја следат ситуацијата.

Портпаролот на армијата на Хутите, Јаха Сареа изјави дека групата користела „голем број соодветни поморски ракети“ и дека вечерашниот напад бил „директен“.

Од ноември минатата година, Хутите поддржани од Иран извршија десетици напади врз комерцијални бродови кои патуваат низ Црвеното Море, една од најпрометните бродски патеки во светот, во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

Во меѓувреме, САД и Велика Британија започнаа воздушни напади врз јеменските милитанти како одговор на нивните напади.

Слични содржини