Нов Nokia 105 доаѓа по цена од 13 евра

од Vlatko K
169 прегледи

Мобилен телефон со невидена цена пушта HMD Global, сопственик на легендарниот бренд Nokia. На
пазарот во почетокот на август се очекува Nokia 105 модел од 2019, кој ќе чини само 13 евра.


Уредот е дизајниран за употреба на мобилни мрежи GSM 900/1800. Има 1,77-инчен дисплеј во боја
со резолуција од 160×120 пиксели и 4MB RAM меморија.

Исто така достапен е FM приемник, 3,5 милиметарски приклучок за слушалки и микро USB порт.
Телефонот работи под оперативниот систем Nokia Series 30+.

Nokia 105 има големина од 119 × 49,2 × 14,4 mm и тежи 74,04 грама. Батеријата од 800 mAh
обезбедува 14.4 часа разговор. Телефонот ќе се продава во црна, розова и сина боја.

Покрај тоа, HMD Global го најави и Nokia 220 4G со поддршка за LTE мрежи од четвртата генерација.
Овој телефон е опремен со 2,4-инчен екран, 16MB RAM, камера од 0,3 мегапиксели, FM приемник,
Bluetooth 4.2, микро-USB порта и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.