Нов обид за договор меѓу Скопје и Софија

од Берта Китинска
286 прегледи

Има доволна основа во наредните денови уште поинтензивно да продолжиме и да ги формулираме овие размислувања во конкретни идеи кои што може да бидат дел од еден пакет за надминување на решението. И времето и квалитетот на решението се важни. За жал, времето е многу кратко, но квалитетот не смее да биде жртва на краткото време. Квалитетот треба да биде основа на одржливи односи и одржливо решение. Двете страни сме свесни за тоа. Се надевам дека овој конструктивен дух ќе продолжи и во наредните денови и ќе отвориме ново поглавје на односите со Република Бугарија, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Палењето на Центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола не влијаело на разговорите меѓу министрите на двете земји. Османи вели дека колку Скопје и Софија ќе бидат поблиску до решение, така и провокациите ќе се интензивираат.

-Двете страни сме свесни дека случувањето на тој инцидент токму на денот кога ги почнавме овие разговори не е случајно. Јас тоа го кажувам неколку месеци наназад, дека како ќе има изгледи за надминување, се повеќе ќе има вознемирени луѓе коишто биле секогаш причина за постоење на ваквите спорови помеѓу нашите две држави, вели Османи.

Бугарската шефица на дипломатијата, Генчовска, во интервју за софиската телевизија БТВ истакна дека откако дознала за инцидентот во саботата, на средбата со македонскиот колега Османи, веднаш заминала за Битола. Таа се заблагодари за брзата реакција на противпожарната бригада, на полицијата и на дежурниот обвинител во Битола и изрази очекување дека македонското судство ќе си ја заврши работата. На видеоснимките на една од безбедносните камери, како што таа рече, можела да види маж кој носел маска, кој пристигнал со велосипед, извадил туба со запалива течност и ја истурил пред вратата од куќата. Според неа, ова дело е извршено ладнокрвно и намерно. Не верува дека инцидентот ќе влијае на односите помеѓу Бугарија и Македонија и вели дека нема да каже дека има пожар во односите меѓу двете земји.

Слични содржини