Нов објект за исхрана на Специјалната антитерористичка единца – Тигар

од Берта Китинска
248 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раководството на МВР денеска во касарната „Илинден“ присуствуваше на пуштањето во употреба на нов објект – кујна за потребите на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

„МВР инвестираше во целосна реконструкција на објект во касарната ,,Илинден” што го доби на трајно користење од Министерството за одбрана, а кој од денеска ќе биде во функција – објект за исхрана со кујна на припадниците на Специјалната антитерористичка единица, кои од формирањето на Единицата до денеска се хранеа во објект надвор од кругот на касарната“, потенцираше министерот Спасовски.

Новиот објект за исхрана, за чија реконструкција се издвоени околу 9 милиони денари, е изграден по највисоки полициски и ХАСАП стандарди, а во склоп на објектот се наоѓа кујна оспособена за приготвување на храна во текот на 24 часа седум дена во неделата, која покрај за САЕ„Тигар“ има капацитет да овозможи приготвување храна и за други организациони единици на МВР , во посебни околности, за потребите на службата.

Имено, по спроведена јавна набавка со барани високи критериуми, преку електронска аукција беше избран економски оператор кој под посебен мониторинг ќе ја приготвува и служи храната за припадниците на САЕ „Тигар“, со што МВР за првпат го имплементира овој пилот проект кај нас, кој кај повеќе полиции во Европската Унија успешно функционира подолг период, со тенденција во иднина да се прошири и во други објекти на министерството. Од 2017 година до сега актуелното раководство на МВР системски и посветено работи на унапредување на работните услови на полициските службеници, со цел унапредување на услугите на министерството за граѓаните.

Со доаѓањето на чело на МВР на министерот Спасовски, како резултат на посветеноста во унапредувањето на условите за работа на полициските службеници, реновирани се над 62 објекти и полициски станици на МВР, специјалниците единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за останатите полициски службеници, исплатени беа три заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови, обезбедени се поголем број донации во возила и опрема за разни полициски организациони единици, со што Министерството за внатрешни работи бележи значително подобрени перформанси во борбата со криминалот, сообраќајната безбедност и севкупната безбедноста на граѓаните на целата територија на нашата држава.

Слични содржини