Нов потрес во НБА: Размена меѓу четири екипи по „саботажата“ – дали имаме нов претендент за титулата?

од Nikola Popovski
35 прегледи

НБА не престанува да изненадува, па во последен момент беа направени големи промени. Веста на денот, без никакво сомневање, е фактот дека Џими Батлер, по серија суспензии, го напушти Мајами Хит.

Тој стана нов играч на Голден Стејт Вориорс во трејдот со три тима, па сега ќе се обиде да ја нападне титулата со Стеф Кари. „Вориорс“ го контактираа буквално секој играч, а на крајот им успеа само со проблематичниот Батлер.

Новинарот и познат НБА инсајдер, Шемс Чаранија објави и дека бек-шутерот Денис Шрудер ќе се упати во Јута Џез, Кајл Андерсон оди во Торонто, а Ендрју Вигинс ќе замине за Флорида во големиот трејд меѓу четирите екипи.

Батлер ја саботираше својата работа со тимот од Флорида и беше суспендиран три пати, а на крајот успеа да стигне до Западната конференција. Тој го напушта Мајами по шест години престој.

Слични содржини