Нов предлог: Од 15 јуни полициски час од 01 до 4 часот

од Берта Китинска

Комисијата за заразни блести од 15-ти јуни ќе предложи полцискиот час да почнува од 01-04 часот, дознаваме од наши извори.

Министерот за здравство Венко Филипче, пред неколку дена рече дека доколку вирусот остане со намалена преносливост  можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки.

– Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15 јуни до кога важат актуелните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки – рече Филипче.

Вчера првпат по  подолго време бројот на активни случаи заболени од КОВИД-19 падна под 1000. Во  Пробиштип, Пехчево , Дојран  и Демир Капија нема активни случаеви на ковид 19, додека во главниот град бројот на активни случаи  е 395.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.407, бројката на оздравени пациенти е 148.960, на починати е 5.448, а бројот на активни случаи изнесува 999.

Слични содржини