Владата го усвои новиот закон за легализација на дивоградбите и ќе го достави пред пратениците. Ќе можат да се легализират дивоградби изградени до 1 јануари 2021 година.
-Ова е нов закон, различен од претходниот за кој јавноста реагираше и веднаш морам да потенцирам дека при креирање на овој закон заемени се во предвид речиси сите предлози на граѓанските здруженија, коморите, асоцијациите и сите засегнати страни. Исто така законот го услогласивме и со другите државни институции и сметаме дека креиревме квалитетно законско решение со кое ќе се обидеме да ставиме крај на изградбата на бесправни градби и узурпацијата на просторот, кажа Бочварски.
Еден барател ќе може да легализира само еден објект. Во прилог на барањето, како доказ за бесправен објект ќе се земаат само предвид сметките за јавни услуги. И со ова, потенцираше Бочварски, не дозволуваме можни злоупотреби со изјавата на нотар, нешто што беше случај во претходниот закон.
-Во однос на надоместот за легализација е предвиден скалест начин на пресметување. За објект со површина до 80 метри квадратни висината на надоместокот се зголемува за 50 проценти, како казна за бесправното градење, а за објект со површина над 80 метри надоместот се зголемува за 100 проценти. Надоместот за легализација на електронски комуникациски мрежи ќе изнесува по 10 евра од метар изградена површина, рече Бочварски.
Се зголемува и опфатот на граѓани и целни групи кои нема да плаќаат надомест за легализација на бесправно изграден објект.
Со тоа, посочи, излегуваме во пресрет на социјално загрозените лица и граѓаните со приходи до 180 илјади денари нето годишен приход, со тоа што овие категории граѓани ќе бидат ослободени од надоместот за легализација.