Нов проблем за Маск: Правниот тим на Твитер го обвинува за прекршување на договорот

од Nikola Popovski

Илон Маск на својот Твитер профил објави дека правниот тим на оваа мрежа го обвинува дека го прекршил Договорот за доверливост (NDA) со тоа што открил дека големината на примерокот за проверка на спам/лажни сметки на платформата е 100.

„Правниот тим на Твитер штотуку ми се јави и се пожали дека сум го прекршил нивниот договор за доверливост (NDA), откривајќи дека големината на примерокот од проверката на ботови е 100!“, напиша Маск.

Маск во петокот на Твитер објави дека неговиот договор од 44 милијарди долари за купување на Твитер е привремено во мирување додека не се потврди извештајот дека спам/лажните сметки сочинуваат помалку од 5 отсто од корисниците на мрежата.

Тој додаде дека неговиот тим ќе тестира „случаен примерок од 100 корисници“ на Твитер за да ги идентификува ботови.

„Избрав 100 корисници како примерок, бидејќи на тој начин Твитер го пресметува процентот на ботовски налози“, рече Маск како одговор на барањето на еден корисник на Твитер да го објасни процесот на филтрирање на ботовски-профили. Оваа објава беше проследена со обвинувања од правниот тим на мрежата.

Фото: Shutterstock/Sergei Elagin

 

Слични содржини