Нов профитабилен бизнис: Фабрички реновирани половни автомобили

од Vladimir Zorba

Фабрика може да обработува 45.000 користени автомобили годишно.

Renault опреми специјална фабрика која се занимава исклучиво со уредување на половни автомобили. Интересно, Toyota исто така најави дека ќе почне да се фокусира на рециклирање на автомобили.

Францускиот производител на автомобили ја започна својата програма пред година и пол во Флин, северна Франција, каде што Renault има и нова фабрика за автомобили.

Сега Refactory, како што француската компанија ја нарекува оваа фабрика, сè уште е мал дел од фабриката во Флинс, но се очекува во иднина бизнисот да расте се повеќе и повеќе, пишува холандски Autoweek.

Фабриката може да обработува 45.000 користени автомобили годишно. Тоа се претежно автомобили стари од три до пет години, за кои се грижат стручни лица во четири различни оддели. Работниците поправаат помали оштетувања на каросеријата, заменуваат делови, повторно ја полираат бојата и прават се друго што е потребно за време на проверката.

Како што се наведува, поради трошоците за превоз, целиот процес на реставрација на автомобилот е исплатлив само доколку работите со користени возила кои се наоѓаат во близина на фабриката. Затоа Renault веќе размислува за други локации. На врвот на листата се Турција, Шпанија и Португалија.

Слични содржини