Протестите кои секојдневно се одржуваат во Општина Аеродром поради загадувањето кое го предизвикуваат пожарите во двете депонии Дрисла и Вардариште, но и последниот во магацините кај Трубарево, прoдолжуваат, а денес ќе има двоен протест.
Утринава во 07.30 часот се одржува нов протест со блокада на мостот „Близнаци” меѓу општините Аеродром и Гази Баба.
-Овој чекор го преземаме поради немањето слух на надлежните органи за нашите барања и сѐ поголемото труење кое му се прави на овој народ.
Ги повикуваме работодавците да бидат толерантни за работниците кои ќе задоцнат тој ден на работа, соопштија од движењето „Стоп за Вардариште“.
Депонијата „Вардариште“ претходно не им даваше сон на жителите на Аеродром и Гази Баба. Иако полицијата поднесе кривична пријава против тројца за загрозување на животната средина и кои завршија во 30-дневен притвор, а обвинителството отвори истрага, депонијата со денови чадеше.
Пожарот во Трубарево ставен под целосна контрола, но, чадењето и смрдеата и натаму присутни. Продолжи затрупувањето со песок. Луѓето во непосредна близина на опожарениот објект за електричен отпад добија насоки да се евакуираат. Четворица, меѓу кои и одговорните во фирмата во полиција. Обвинителството отвори истрага.