(ВИДЕО) Нов протест пред Уставниот суд, се бараат оставки…

од desk3
179 прегледи

Граѓаните и денеска бараат оставка од уставните судии на власта. Стотици луѓе излегоа на протестот и ги повикаа судиите да престанат да бидат извршители на власта, да го зачуваат дигнитетот и да ја повлечат одлуката.

ustaven protest

Од пред Уставниот суд насобраните порачуваат дека нема да пројде овој обид на партијата на власт и дека уставните судии ќе мора да поднесат оставки поради нивната инволвираност во партиски игри.

„Да го одбраниме Уставот од уставните судии“ останува главна парола на граѓанските собири кои започнаа дента кога беше донесена одлуката за приспитување на законот за помилување.

Граѓанските активисти сметаат дека судиите наместо да го штитат уставот, ја штитат актуелната власт оти токму од нејзините редови специјалното ообвинителство има осомничени за изборни нерегуларности.
Ако првичната одлука ја помине и втората фаза тогаш претседателот ќе може да помилува и осудени за изборен криминал, за силување деца или за продавање дрога.