Денеска е деветиот ден од протестите во Скопје против францускиот предлог-преговарачка рамка, со која ќе се овозможи започнување на преговорите на Македонија со ЕУ. После неколку дена, денеска е променета рутата за движеше на протестниот марш, па така демонстрантите од Владата во 19 часот се упатија кон зградата на МНР, за да дојдат до конечната цел – зградата на Собранието.
Поради минатонеделните инциденти кај плоштадот „Скендербег“ во кои беше употребено и оружје, денеска беше забележано силно полициско обезбедување во овој реон од градот и околу Старата скопска чаршија.
Полициските специјалци го блокираа влезот на Чаршијата од кај споменикот „Скендербег“.
Демонстрантите како и претходните денови, со тапани и патриотски песни се движат по улиците.
Протестот е поддржан од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица.