Нов протест во Белград поради мобилизација во Русија

од Берта Китинска

Движењето „Русите, Украинците, Србите и Белорусите против војната“ вечерва организираше митинг против војната и мобилизацијата во центарот на Белград.

Тие носеа транспаренти и бело-сини знамиња кои станаа симбол на антивоените протести во 2022 година во Русија за време на руско-украинската војна и, пред сè, симбол на обединувањето на луѓето за мир.

На некои транспаренти пишува „Путин е убиец“ на српски и англиски и „Стоп за војната во Украина“, „Мир во Украина – слобода за Русија“, „Путин не е брат, тој е војна“…

Митингот се одржува на Трг Република, каде речиси два часа со песни и лични исповеди учесниците го повикуваа „братскиот српски народ“ на поддршка против мобилизацијата и војната во Украина.

Организаторите нагласија дека слични собири се одржуваат низ цела Русија и дека „денес беа уапсени 600 Руси пред почетокот на протестот“.

Слични содржини