Нов рекорд на младиот пливач Андреј Стојановски

од Vladimir Zorba

Продолжуваат да се нижат успесите на нашиот најтрофеен млад пчивач Андреј Стојановски.

На Интернационалниит пливачки митинг 13 Ноември што викендов се одржа во Скопје во организација на ПК Бета шаркс, Андреј го собори кадетскиот рекорд на 50 метри грбно со време од 27,39. Претходно рекордот од 27,93 го држеше Антониј Симоновски.

Освен рекордот, Андреј во апсолутна категорија го освои второто место на 1500 м слободно, на 50 метри грбно трето место и на 400 метри мешано, исто така бронза.

Својата форма Андреј и покрај успесите во далечинско пливање, ја потврди и во пливање на кратки стази на овој прв натпревар во 25 метарски базен во 2020 год.

Со одличните резултати Андреј докажа дека со упорна работа со тренерот Томи Стефановски може да се дојде до врвни постигнувања. Андреј Стојановски беше орогласен за најдобар пливач на митингот во категоријата 2004/2005.

Успесите на ПК Нептун не завршуваат тука. Калина Стојановска освои златен медал во категоријата 2006/2007 во дисциплините 200 метри мешано, 400 метри мешано а за истата дисциплина (400 м мешано) беше прва и во апсолутна категорија. Во дисциплината 200 м мешано пак Калина се искачи на второто место на пиедесталот.

А Софија Стефановска освои сребрен медал во категорија 2008/2009 во 50 м грбно, бронза во 100 м грбно и бронза во апсолутна категорија за 50 м грбно.

Јана Костадиновска освои сребрен медал во дисциплината 800 м слободно во апсолутна категорија, Михаил Веков зема златен медал на 200 м мешано во категоријата 2006/2007, Борјан Давковски бронза во дисциплината 100 м градно во категоријата 2006/2007.

Следен натпревар на кој младите пливачи на ОК Нептун ќе се борат за нови рекорди и врвни резултати е државното првенство Скопје опен и Нептун куп на 25 м базен и натпреварот Александрија во Солун на 50 м базен.

Слични содржини