Нов рекорд: Ова е нејзиниот најкраток брак, Памела се разведува

335 прегледи

Памела Андерсон пред 12 дена застана на лудиот камен со Џон Питерсон, асега се разведува!

Една од најпознатите русокоси на светот, која минатата година била физички малтретирана од фудбалерот со кој беше во врска, ја изненади јавноста со веста за венчавката со продуцентот, а сега и со разводот.

„Животот е пат, а љубовта процес. Знаејќи ја таа универзална вистина, заедно одлучивме да ја одложиме формализацијата за добивање венчален лист“, соопштила Памела.

Парот се венчал во општина, но по американскиот закон, бракот не е важечки се додека венчаниот лист не е званично издаден и заведен, што трае неколку недели.

Памела до сега, четири пати била во брак, а ова и е најкраткиот до сега.

Слични содржини