Нов рекорд во БиХ: 728 новозаболени и 20 мртви

од Vladimir Zorba

Eнтитетските институти во Босна и Херцеговина денес пријавија рекордни 728 новоинфицирани случаи на коронавирус.

Во изминатите 24 часа, 1.754 примероци беа пријавени во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ, од кои 473 беа позитивни за SARS-CoV-2.

Регистрирани се нови случаи во сите кантони во Федерацијата БиХ.

Досега се тестирани вкупно 184.117 примероци, а SARS-CoV-2 е потврден кај 22.967 лица.

До денес, во Федерацијата БиХ се излечиле 17.759 пациенти, а во изминатите 24 часа е забележано опоравување кај 103 пациенти. Во моментов, 4.555 случаи се позитивни на SARS-CoV-2.

Во изминатите 24 часа, 16 нови смртни случаи беа пријавени во Институтот за јавно здравје на Федерацијата БиХ.

Заклучно со денес, вкупниот број на смртни случаи во Федерацијата БиХ е 653, 437 мажи и 216 жени.

Во Република Српска, во последните 24 часа, вирусот корона е потврден кај 245 лица од 817 тестирани лабораториски примероци, додека четири лица починале.

Тројца средовечни и постари мажи и жени од Лактачи, Фоча, Источна Илиџа и Рогатица починаа.

Кога станува збор за заразените во последните 24 часа, има 137 мажи и 108 жени, од кои 55 се помлади, 151 средовечнi и 39 постари лица.

Слични содржини