Нов рекорден број на новозаразени во Шведска

од Stefanija Kuzmanovska

Шведска, чијашто либерална стратегија за борба против пандемијата привлече глобално внимание, регистрираше 1.980 нови случаи на коронавирус на 27 октомври, најголем број од почетокот на пандемијата, покажаа податоците на шведската агенција за јавно здравје во средата.

Претходниот најголем број на нови инфекции за еден ден се случи на 23 октомври, кога имаше 1.870.

Службата за јавно здравје соопшти дека највисокиот дневен број на новозаболени лица во текот на пролетта веројатно е многу поголем, но тоа не е забележано поради недоволно тестирање во тоа време.

Шведска исто така регистрираше 9 нови смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 5.927.

Шведска има неколку пати поголема стапка на смртност по глава на жител од нејзините нордиски соседи, но пониска од некои поголеми европски земји како Шпанија и Велика Британија.

Слични содржини