Нов римски император: Мурињо ја покори Тирана, прв трофеј за Рома во Европа!

од Nikola Popovski
348 прегледи

Во Тирана, во премиерното финале на Конференциската лига, Рома го совладаа Феенорд со 1:0 и со тоа го освоија првиот европски трофеј.

На тој начин стана деветтиот италијански клуб што го направил тоа.

За да го постигне тоа „Волчицата“, потребно беше „само“ да го доведе Жозе Мурињо. Португалецот уште еднаш покажа дека е специјалист за еврокуповите. Го освои и третиот различен континентален трофеј и со тоа стана единствениот тренер со трофеи во сите активни европски натпреварувања.

Ова е вкупно петти европски трофеј за Португалецот.

Како што обично се случува кога Жозе Мурињо игра големи натпревари и финалиња, љубителите на најважната споредна работа присуствуваа на фудбалска приспивна песна.

Триесет минути без темпо и шанси ги прекина Николо Заниоло, со прекрасен гол за кој вредеше да се чека.

Длабоката топка на дефанзивецо на Рома ја прелета целата одбрана на Феенорд, падна во срцето на шеснаесетникот. Заниоло не ја прими баш одлично, но стигна до неа и само ја поткопа за таа да влезе го голот зад голманот на тимот од Ротердам.

Во второто полувреме Рома умешно го бранеше стекнатото. Да, Феенорд постојано напаѓаше, но во принцип имаше само две опасни ситуации, кога ја погоди рамката од голот.

Покрај трофејот, Рома доби и чек вреден пет милиони евра, колку што е наградата на УЕФА.

Слични содржини