Нов систем за влез во ЕУ од 12. октомври: Македонските државјани ќе треба да се регистрираат еднаш со отпечатоци од прсти и фотографии

Евроамбасадорот Рокас: Другиот систем ЕТИАС не е идентичен и не треба да предизвика забуна со системот за влез/излез

од Nikola Popovski
32 прегледи Фото: Принтскрин

Системот за влез и излез на Европската Унија ќе започне со постепен старт од 12 октомври. Оваа одлука е чекор што се презема со цел да се зајакне сигурноста на сите точки за влез во ЕУ. Евроамбасадорот Михалис Рокас денес изјави дека имплементацијата ќе биде постепена, но исто така ќе го олесни процесот на влез во ЕУ.

Во пракса, како што објасни Рокас, тоа имплицира дека државјаните од земји кои не се членки на ЕУ ќе треба да се регистрираат еднаш со отпечатоци од прсти и фотографии. За време на транзицијата, патниците ќе бидат фотографирани и ќе им бидат земени отпечатоци од прсти при првиот влез во Шенген зоната. Овие податоци ќе се чуваат во централна база на податоци за период од три години, што ќе овозможи побрза и поефикасна контрола при следните влезови.

„Во пракса, како што појасни Рокас, тоа значи дека граѓани од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со фингерпринт и фотографии, но откако ова еднаш ќе се направи, следниот влез ќе може да се користи автоматскиот влез на аеродромите и тн“, истакна евроамбасадорот.

Рокас, исто така, потенцираше дека другиот систем, ЕТИАС, не е идентичен и не треба да предизвика забуна со системот за влез/излез. За неговата примена ќе има навремени информации.

За време на транзицијата, патниците ќе бидат фотографирани и ќе им бидат земени отпечатоци од прсти при првиот влез во Шенген зоната. Овие податоци ќе се чуваат во централна база на податоци за период од три години, што ќе овозможи побрза и поефикасна контрола при следните влезови.

Важно е да се напомене дека овој систем ќе важи за кратки престои до 90 дена во период од 180 дена, што се однесува на повеќето патувања на македонските државјани во земјите членки на Шенген зоната. За патувањата кои траат подолго од 90 дена, ќе се применуваат постоечките правила за визи и дозволи за престој.