Нов скандал ја тресе репрезентацијата на Франција!
По шокантната елиминација на Франција во осминафиналето на Европското првенство, се редат скандалите во кои главни актери се репрезентативците на Франција.
Откако „валканите алишта“ беа извадени од соблекувалната, срамната расправија меѓу родителите на фудбалерите, се појави скандалозно видео во кое јасно може да се види и слушне како француски фудбалери ги навредуваат Јапонците на расна основа.
Се работи за Антоан Гризман и Усман Дембеле, фудбалери на Барселона, а снимката е направена во 2019 година, кога заедно со шпанскиот клуб беа на летна турнеја во Јапонија.
Снимката е направена во нивната хотелска соба. Фудбалерите побараа помош од персоналот на хотелот затоа што не можеа да ја играат популарната игра ПЕС. Техничари пристигнаа во нивната соба за да го решат проблемот.
Додека луѓето ја вршеа својата работа, Дембеле и Гризман срамно ги исмеваа на француски и ја исмеваа Јапонија.
„Сите овие грди лица тука и тоа е само за да можеме да играме ПЕС … зарем не се срамите“, рече Дембеле додека зумираше на Јапонец пред камера.
Тој не запре тука …
„Каков ви е овој заостанат јазик? Треба да сте развиена земја, нели?“
Дембеле снимаше, така што на видеото не се гледа неговото лице, но може да се заклучи дека е неговиот глас. Не можете да слушнете што зборува Гризман на видеото, но јасно може да се види дека расистичките шеги на неговиот соиграч му се крајно забавни.
Интересно, иако видеото е направено пред две години, се појави во јавноста веднаш по неуспехот на Франција на Европските шампионати.
ah ouais ils sont comme ça Antoine Griezmann et Ousmane Dembélé ? #StopAsianHate pic.twitter.com/JJFBk6X0nZ
— nahidul 🏴🇪🇸 (@duatleti) July 1, 2021