Нов СКАНДАЛ во Ајакс: Член на Академијата обвинет за силување

од Vladimir Zorba
378 прегледи

Откако Марк Овермарс го напушти Ајакс поради испраќање недолични пораки до колешки, нов скандал го потресе славниот холандски клуб. Новинарот Денис Шутен објави за подкастот RoddelPraat дека член на академијата на Ајакс е обвинет за силување и дека полицијата го истражува случајот.

Станува збор за Дони Вармердам, 20-годишник кој се уште нема играно за првиот тим на Ајакс, но веќе има одиграно 40 натпревари за резервниот тим. Вармердам бил обвинет за силување од 18-годишна девојка која била со него на забава пред шест месеци во малиот град Ворхоут.

„Се бакнувале, а тој потоа ја однел на спрат. Сакал нешто повеќе, девојката се спротивставила, но не му било грижа. И ги скинал гаќите што ми ги покажа на фотографијата. Потоа ја силувал“, рекол Шутен, додавајќи :

„Таа побегнала по неколку минути и ја напуштила забавата во солзи. Ја прашав дали има докази, а таа ми покажуваше пораки од пријатели кои ја прашуваа што не е со неа и дали е добро. Молчела, но кога видела што се случува во Ајакс, пријавила се во полиција. Наскоро ќе има рочиште“.

Ајакс се уште официјално не ги коментирал изјавите на Шутен, а тој е единствениот кој досега ја објавил приказната во споменатиот подкаст.

Слични содржини