186
Полицијата откри нов случај на криумчарење мигранти, втор за само три дена.
Мигрантите биле откриени доцна синоќа на автопатот Гевгелија – Скопје кај клучката Миравци. Се работи за 56 лица од кои 54- ца се државјани на Пакистан, а двајца од Авганистан. Мигрантите се откриени при контрола на товарно возило ДАФ со скопски регистарски ознаки кое го управувал 46 годишен скопјанец.
Веднаш по контролата возачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.