Нов случај на семејно насилство во Карпош – мајка нападната од син

29-годишникот бил приведен вчера во раните утрински часови

од Nikola Popovski
50 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Телма

Уште еден инцидент на семејно насилство регистриран во скопски Карпош, информираат од МВР.

-На 04.03.2026 во 06:10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.В.(29) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 59-годишна мајка.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, стои во полицискиот билтен.