Фудбалер чиј клуб се натпреварува во англиската Премиер лига е уапсен под сомнение за силување во северен Лондон, пишува британски „Телеграф“.
Весникот објави дека не се работи за англиски фудбалер, туку дека пристигнал од странство.
Тој е уапсен во понеделникот наутро и задржан во притвор, а според познатите информации има 29 години.
„Наводното силување на девојка на возраст од дваесет години е пријавено во полиција на 4 јули. Наводното силување се случило во јуни 2022 година“, се вели во полициското соопштение.
Исто така, полицијата додава дека истиот ден го уапсила 29-годишниот маж.
„Тој беше уапсен на адреса во Барнет под сомнение дека извршил силување, приведен е и е во притвор. Истрагата за околностите е во тек“, се вели во соопштението.
Ова е само уште еден во серијата случаи на силување во кои се вмешани фудбалери од Премиер лигата.
Неодамна беше отфрлен случајот за силување против Кристијано Роналдо, а во тек е судењето на фудбалерот на Сити, Бенџамин Менди, обвинет за повеќекратни силувања.
Мејсон Гринвуд беше уапсен во јануари, Гилфи Сигурдсон исто така беше уапсена минатата година, а пред неколку години поранешниот репрезентативец Адам Џонсон беше осуден на затворска казна поради сексуални односи со 15-годишно девојче.