Нов состанок на Заедничката мултидисциплинарна комисија на Северна Македонија и Бугарија

од Vlatko K
79 прегледи

На 19 и 20 февруари во Скопје ќе се одржи четвртиот состанок на Заедничката мултидисциплинарна комисија на Северна Македонија и Бугарија по историски и образовни прашања.

Планирано е да се продолжи со дискусиите за прашањата од последниот состанок по повод одбележувањето годишнини поврзани со потенцијалните историски личности и настани да бидат мост меѓу народите на двете земји. 

Ѓоргиев: Делчев е споделена личност меѓу македонската и бугарската историја

Во меѓувреме на состанокот во Скопје ќе се разговара за забелешките за учебниците по историја со цел да се надминат контроверзните историографски толкувања на минатото.