НОВ ТОПЛОТЕН БРАН од средината на следната недела, температури од 41 степен

од Stefanija Kuzmanovska
390 прегледи

УХМР најавува период на претежно стабилно и многу топло време со пораст на дневните температури. Како што информира, особено топло се очекува да биде од средината на следната недела кога на места ќе биде 40 степени.

Во четврток и петок максималната температура ќе достигне 41 степен, а утринските ќе се искачат до 24.

За денеска попладне се прогнозира можна изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.

Слични содржини