Нов циклон го погоди Мозамбик, тројца мртви

од desk2
205 прегледи

 

Најмалку три лица загинаа во Мозамбик во втор разорен циклон за шест недели во таа земја, додека ОН предупредија дека се очекуваат обилни поплави.

Циклонот Кенет го зафати Мозамбик со ветрови со брзина од 220 км на час, што претставува четврта категорија ураган, соопшти американскиот центар за предупредување од тајфуни.

Се очекува дека бурата во наредните 10 дена че донесе двојно повеќе дождови од циклонот Идаи во март, соопшти Светската програма за храна. Во налетот на Идаи загинаа повеќе од 600 луѓе, а десетици илјади се раселени. ОН забележаа дека ова е прв пат два циклона да го погодат Мозамбик во една сезона.

Циклонот Кенет синоќа стигна до еден дел од Мозамбик, а надлежните велат дека толку силна бура не е забележана 60 години.

Кенет можеби ќе бара нова голема хуманитарна операција во една од најсиромашните земји на светот.

Иако регионите кои ќе ги погоди Кенет се поретко населени од оние погодени од Идаи, сепак, властите проценуваат дека дури 700.000 жители ќе бидат погодени од новото невреме.