Нов циклус разговори на тема „Правните механизми за регулирање на работните односи во услови на пандемија предизвикана од Ковид-19: лекции што ги научивме и лекции што треба да се научат“

194 прегледи

Денес ќе се оддржи осмата сесија од вториот циклус на Работната група 2- Социјална политика и вработување – Поглавје 19, чија тема ќе биде „Правните механизми за регулирање на работните односи во услови на пандемија предизвикана од Ковид-19: лекции што ги научивме и лекции што треба да се научат“. Овој настан како што е познато, е во организација на Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК)

Меѓу темите на оваа сесија ќе бидат и мерките предвидени за заштита и справување со Ковид кризата, која инаку донесе секаде турбулентни промени кои особено се одразија на економијата и работните односи, на долготрајноста на пандемијата и неможноста да се предвидат идните текови на нови кризи од слична природа, што ја наметнуваат потреба од подлабоки анализи на состојбите во областа на работните односи, и тоа во поглед на капацитетот на постојната легислатива да го регулира доменот во новите околности, определување на клучните точки што треба да се редефинираат во случај кога работата мора да престане по ничија вина.

Учесниците на осмата сесија, ќе се осврнат меѓудругото и на ефектите од компензирачките мерки што ги донесе Владата, усогласеност на мерките и начинот на дејствување на институциите и други значајни прашања.

На сесијата посебно внимание ќе биде посветено на искуствата од мерката – работа од дома и можностите да се креира неопходната легислатива за регулирање на оваа работна материја. На дебатата ќе бидат споделени искуства од земјава како и од Европската Унија, односно Словачка.

Слични содржини