Нов црн рекорд во Хрватска, 219 заразени, двајца починати

од Stefanija Kuzmanovska
133 прегледи

Во изминатите 24 часа, во Хрватска е регистриран нов црн рекорд од 219 заразени со коронавирусот и сега има 1.520 активни случаи, додека две лица починале, објави денеска Националниот штаб за цивилна заштита.

На болничко лекување се 122 пациенти, од кои 11 се на респиратор.

Од избувнувањето на епидемијата на 25 февруари, во Хрватска се регистрирани вкупно 7.074 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 168 починале, а 5.386 се опоравени.

Досега се тестирани вкупно 142.124 лица.