Новак Ѓоковиќ и Австралија се чудна комбинација. На тениска страна Србинот бележи најдобри резултати, но од друга страна секогаш има некои опструкции. Последното е поврзано со тезата во тамошните медиуми дека тенисерот лажирал повреда против Карлос Алкараз.
Новак се пожали на повредата и се мачеше во текот на вториот сет, не изгледајќи 100 отсто подготвен, за подоцна да го надмине проблемот.
Тој по натпреварот истакна дека лековите почнале да делуваат и дека имал помалку болки.
Сепак, тоа не ги спречи медиумите во Австралија негативно да коментираат за српскиот ас.
„Повреда или тактика – чудниот случај на Новак Ѓоковиќ. Од состојба во која беше речиси неподвижен до парирање на најподвижниот играч во светскиот тенис – начинот на кој Новак Ѓоковиќ ја „надмина“ тешката повреда на ногата заработена на средината на мечот изгледаше како дело на фантастика. Но дали навистина беше повреден? Тенискиот свет е поделен…“, објавил меѓу другото новинарот Калум Дик од тамошниот медиум „The Australian“.
Претходно познат новинар на официјалната телевизија што го пренесува Австралија опен, Канал девет, ги „исмејуваше“ српските навивачи и „даде навредливи и напаѓачки коментари“ за Ѓоковиќ.