111
Продолжуваат проблемите за тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Шпанскиот стручњак се разделува од сопругата Кристина по 30 години брак, пренесе „Мирор“.
Тие самите ја соопштија веста, а за многумина беше шок.
И покрај се, двајцата се во добри односи, па дури беа забележани заедно за време на божиќните и новогодишните празници. Различни коментари тврдат дека токму овие проблеми во семејната средина доведоа до пад на Манчестер Сити и имаа влијание врз перформансите на тимот во текот на сезоната.
„Граѓаните“ се 6-ти во Премиер лигата со 34 бодови.