225
Мераклиите за европска слава од ПСЖ се здобија со нов голем проблем само една недела пред 1/8-финалниот натпревар-реванш од Лигата на шампионите со Реал Мадрид. По повредите на Нејмар и Маркињос, Килјан Мбапе исто така влегол во амбуланта.
19-годишниот техничар беше принудно заменет при победата вчера против Олимпик Марсеј во четврт-финалето од Купот на Франција. Мбапе беше повлечен од Унаи Емери на полувремето и беше заменет од Хавиер Пасторе.
„Килијан доби болка во глуждот и сам посака промена. Се надевам да не е ништо сериозно“, прокоментира тренерот на „принцовите“ на прес-конференцијата по дуелот на „Парк де Пренс“.