Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина го погодија рускиот команден пункт на аеродромот Саки на Крим, изјави командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук.
На Telegram тој им се заблагодари на украинските пилоти за нивната „одлична работа“ и објави фотографија на која наводно се гледа удар на аеродромот Саки.
Олешчук, во исто време, иронично ги коментираше традиционалните најави на руското Министерство за одбрана – „Сите цели се погодени“ – додавајќи „За жал, нашите воздухопловни сили останаа без ниту еден контролен центар на Крим“, пренесува Интерфакс Украина.
Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека противвоздушната одбрана уништила четири украински ракети над Крим.