Нов викенд, истиот стар освојувач на пол-позиција

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Утрово по средноевропско време, на програмата беа квалификациите пред трката за Големата награда на Австралија, третото коло во шампионатот во Формула 1. Најбрзо време и стартна позиција за неделната трка обезбеди возачот на Ред Бул и актуелен шампион – Макс Верстапен. Победата ја оствари со време 1:15:915.

Тоа беше 35. пол во кариерата за 26-годишниот пилот, кој во Австралија ќе се бори за 57. триумф во Ф1 кариерата.

Холанѓанецот постигна време кое беше подобро за 0,270 секунди од Карлос Саинц од Ферари, кој до овој резултат дојде само две недели откако беше опериран од апендицитис.

Серхио Перез, тимскиот колега на Верстапен, ќе стартува трет на гридот во недела (+0,359 с.), четврти Ландо Норис, а петти Шарл Леклер, кој направи голема грешка во последниот сектор од последниот круг.

Слични содржини