Шпанските пратеници денеска гласаа за закон кој ќе им овозможи на трансродовите лица постари од 14 години да го променат својот пол без потреба од психолошка или друга медицинска евалуација, иако на децата од 14 до 16 години сè уште ќе им треба согласност од родител или старател.
Шпанскиот закон, кој беше силно критикуван од конзервативната опозиција и некои феминистки, беше усвоен во Долниот дом на парламентот со 188 гласа, додека 150 пратеници беа против, а седум беа воздржани, пренесува „Ројтерс“.
За да се усвои законот мора да биде одобрен и во Сенатот.