238
Полицијата на Нов Зеланд опколи зграда во градот Отахуху во јужниот дел на Оукленд, откако пациент со ковид избегал од блискиот карантински објект.
Полицијата подоцна успеа да уапси маж кој избега од карантин.
За време на интервенцијата, полицајците беа обучени со заштитни одела и ги следеа здравствените препораки во согласност со полициските процедури поврзани со коронавирусот, пренесе Гардијан.
Бегалецот се појави на видео врска пред Окружниот суд во Оокленд, каде што е обвинет за кршење на здравствените правила во врска со „Ковид-19“.
Тој беше ослободен со кауција за да се врати во карантинската установа.
Полицијата му се заблагодари на неговото семејство за „исклучителната соработка“.