Објавен е конкурс за работа надлетување со хеликоптер над Новозеланд во потрага по загрозени единки на птицата киви. Иако изгледа како работа од соништата, властите очајнички бараат кандидати.
Одделот за зачувување на животната средина во градот Хаст на западната страна на националниот парк Маунт Аспиринг досега има добиено само три апликации за работа за следење на биолошката разновидност, рече менаџерот Вејн Костело.
„Главната цел е да се води тимот задолжен за спасување на видот киви кој е најреткиот во Нов Зеланд, а тоа е токоеката Хаст“, објаснува Костело.
Во описот на работното место на кандидатот е наведено дека тие треба да пребаруваат спектакуларни пејзажи и да се грижат за популацијата на птицата киви – новозеландска птица која не умее да лета.
„Западниот брег е остварување на сонот за љубителите на природата“, истакнува Костело.
Сепак, тој признава дека „необичната убавина“ на импозантните планини околу Хаст и во целиот регион не е доволна за многу кандидати.
„Тоа е изолирана област“, признава тој. Потребни се два часа возење до најблискиот супермаркет, а четири часа до болница со автомобил.
Освен тоа, самото киви е плашлива и „многу нервозна“ птица. Популацијата на овој вид се проценува на околу 500 единки и не е лесно да се најдат.
„За да се стигне до некои места, треба да се оди со глисер, често и со хеликоптер, бидејќи тој простор е доста оддалечен и непристапен.
Но, Костело не губи надеж и покрај незаинтересираноста, па министерството ќе го продолжи рокот за поднесување кандидатури за уште три недели.
Фото: Adrian Page / Shutterstock Editorial / Profimedia