Нов Зеланд размислува да воведе забрана за пушење за родените по 2004 година

од Stefanija Kuzmanovska
364 прегледи

Нов Зеланд разгледува серија мерки насочени кон забрана за пушење, вклучително и радикална иницијатива со која ќе се забрани продажба на тутун на цела генерација, објави денеска „Вечерњи лист“.

Со новиот национален план за акција, Нов Зеланд сака постепено да ги зголемува законските старосни граници за пушење, што може да се прошири до забрана за продажба на цигари и производи од тутун на сите родени по 2004 година, што би го направило пушењето нелегално за таа генерација.

Поддржувачите на иницијативата бараат значително намалување на нивото на никотин дозволено во тутунските производи и ограничување на локациите на кои тие можат да се продаваат. Владата, исто така, ќе пропише минимална цена на тутунот и цигарите. Мерките имаат за цел да ја отстранат употребата на тутун во земјата, претворајќи го Нов Зеланд во „зона без пушење“ до 2025 година.

Министерството за здравство на Нов Зеланд објасни дека и покрај тоа што стапката на пушење паднала во последните неколку децении, останува уште многу да се стори за да се намали употребата на тутун.

Новозеланѓаните се поканети да дадат повратни информации за акциониот план објавен вчера. Граѓаните ќе можат да ги споделат своите мислења за ова прашање до 31 мај пред да влезе во следната фаза на правната постапка.

Помошникот министер за здравство Ајеша Верлал рече дека околу 4.500 Новозеланѓани умираат годишно од болести поврзани со тутун и дека владата е посветена на „забрзување на напредокот“ во борбата против пушењето, пренесува „Вечерњи лист“.

Слични содржини