227
Владата на Нов Зеланд ќе воведе нов пакет санкции против мнозинството пратеници на Советот на Руската Федерација, Горниот дом на рускиот парламент, како и одредени воени компании, изјави денеска министерката за надворешни работи на таа земја, Нанаја Махута.
Новиот пакет санкции ќе се однесува на 170 пратеници и шест компании поврзани со армијата, но нивните имиња се уште не се откриени, пренесе ТАСС.
Нов Зеланд претходно воведе санкции против 18 руски финансиски институции и над 400 руски државјани.