Нов Зеланд воведува санкции за најголемите руски банки и институции

од Vladimir Zorba
167 прегледи

„Нов Зеланд воведува санкции за големите руски банки и финансиски институции поради ситуацијата во Украина“, изјави денеска министерката за надворешни работи Нанаја Махута, цитирана од Ројтерс.

„Нов Зеланд воведува санкции за осумнаесет финансиски субјекти, вклучувајќи ја руската централна банка, државниот фонд и најголемите финансиски институции во таа земја“, се вели во соопштението на новозеландскиот министер.

Според Ројтерс, овие големи финансиски институции сочинуваат приближно 80 отсто од рускиот банкарски сектор.

Слични содржини