Нов Зеланд воведува ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА во здравството и образованието

од Nikola Popovski
423 прегледи

Повеќето здравствени работници и наставници во Нов Зеланд наскоро ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот според законот, објавија тамошните власти.

Според новите прописи, докторите, фармацевтите, медицинските сестри и другите вработени во здравството ќе треба целосно да се вакцинираат до декември.

Просветните работници ќе мора целосно да се вакцинираат до јануари.

Министерот за одговор на коронавирус Крис Хипкинс рече дека ништо не може да се остави на случајност, особено затоа што тие категории вработени работат со со болни или мали деца кај кои се уште не е одобрена вакцинацијата.

Одлуката за задолжителна вакцинација беше објавена во време кога властите на Нов Зеланд во најголемиот град Окленд се борат против жариштата на многу заразниот делта сој.

Слични содржини